БРУНО ФЕРНАНДЕШ ЈА ОДНЕСЕ ПОРТУГАЛИЈА ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Уругвај беше поразен со 2:0
Стрелец на двата гола беше Фернандеш, едниот од пенал, кој беше дискутабилен. Уругвајците се држеа добро, но не успеја да постигнат гол кога им беше најпотребен.
Репрезентацијата на Португалија вчерва славеше победа над Уругвај од 2:0, со што, по Франција и Бразил, стана третиот осминафиналист на Светското фудбалско првенство во Катар.
Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, па мрежите мируваа. Португалците до победата стигнаа во второто полувреме кога беа постигнати двата гола. Стрелец и на двата погодоци беше Бруно Фернандеш. При првиот гол Фернандеш нафрлуваше за Роналдо во 54. минута, но Роналдо иако скокна високо не ја допре топката. Иако беше првично впишан како погодот на Роналдо, по прегледување на снимките ос различни агли, стана јасно дека погодокот е на Фернандеш, па тој беше запишан како стрелес.
Во остатокот од второто полувреме Уругвајците се обидуваа да го израмнат резултаот, влезе и Суарез во нападот, меѓутоа реализацијата изостана. Точка на натпреварот беше ставена во судиското продолжение кога Бруно Фернандеш го реализираше досудениот пенал. Досудениот пенал беше на граница на судијска коректност, со оглед на тоа што играчот на Уругвај Јозе Марија Гименез при пад ја допре топката со рака, или поточно таа удри во него.