БРУНЕЈСКИОТ ПРИНЦ И УБАВИЦАТА СО ХРВАТСКИ КОРЕНИ ДОБИЈА ЌЕРКА Принцезата Аниша се породила на осми февруари

Синот на султанот на Брунеи, принцот Абдул Матин, и неговата сопруга Аниша (принцеза со хрватски корени) го добија своето прво дете - ќерка, минатата недела, а сега ја покажаа на јавноста првата фотографија од бебето и го открија нејзиното име.

119

Романтичната кралска приказна што го воодушеви светот на почетокот на 2024 година сега го доби своето најубаво поглавје – синот на султанот на Брунеи, принцот Абдул Матин, и неговата сопруга Аниша, принцеза со хрватски корени, станаа родители на девојче и ги споделија првите фотографии и нејзиното име.

Името на бебето е Захра Маријам Болкија.






Принцот се огласи на Инстаграм со кратка и трогателна порака: „Захра Маријам Болкија. Аниша и јас сме многу благодарни на неверојатниот тим во JPMC за нивната извонредна грижа и поддршка и им благодариме на сите за нивните најдобри желби.“

Заедно со пораката, тие споделија фотографија од него и Аниша како го држат своето бебе во нивниот дом, кадешто може да се види подлога за играње и шкаф со неколку играчки во позадина.

Официјално соопштение од кабинетот на султанот потврди дека принцезата Аниша се породила во недела, 20 Шабан 1447 година по Хиџра, што одговара на 8 февруари 2026 година, во 8:50 часот наутро. Раѓањето беше обележано со традиционални церемонии, вклучувајќи поздрав со 17 топови во палатата Истана Нурул Иман.

Името Захра е од арапско потекло и најчесто се преведува како „цвет“ или „блескава“, додека средното име Маријам е варијанта на името Марија, кое исто така носи семеен симболизам – токму така се викаат мајката на принцот Абдул Матин – Maтеена и мајката на принцезата Аниша (Сити Маријам).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mateen (@tmski)

Која е принцезата Аниша – убавицата со хрватски корени?

Принцезата Аниша Росна бинти Адам, родена Аниша Иса Калебиќ, потекнува од многу посебна семејна приказна. Таа е родена на 6 ноември, 1994 година во Лондон; нејзиниот татко Ивица Адам Калебиќ е од Хрватска, додека нејзината мајка Сити Маријам Иса е од важно брунејско семејство.

Аниша пораснала во Брунеи и се школувала во Меѓународното училиште Џерудонг, а дипломирала модерни јазици и европски студии на Универзитетот во Бат во Обединетото Кралство, со дополнителни студии во Мадрид. Течно зборува неколку јазици, вклучувајќи англиски, француски, малајски и шпански.

Нејзиниот дедо Пехин Датук Хаџи Иса е коосновач на успешна авиокомпанија и долгогодишен советник на султанот од Брунеи.

Аниша е сопственичка на модниот бренд Silk Collective, кој го основала по студиите, а има и сопствена туристичка агенција.

Се вели дека таа и принцот ги зближила љубовта кон спортот, а тој е и долгогодишен пријател на нејзиниот брат Даниел Дин Иса-Калебиќ. Патем, згодниот принц студирал и во Велика Британија и дипломирал со диплома за меѓународна политика на Кингс колеџ во Лондон.

Двојката е поврзана и со долгогодишно пријателство и семејни врски – нивните семејства биле поврзани со децении, а братот на Аниша, Даниал Дин Иса-Калебиќ, е близок пријател на принцот Матин.

Свадбата беше спектакуларна: десетдневна церемонија која се одржа во јануари 2024 година, вклучувајќи традиционални и раскошни ритуали кои привлекоа внимание на медиумите низ целиот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mateen (@tmski)

Поврзани содржини