БРУКЛИН ГО ОТСЛЕДИ РЕМЗИ Славниот британски шеф му порача на Бекам јуниор да запамти од каде доаѓа
Бруклин Бекам го отследи, но не го блокираше долгогодишниот пријател на семејството Бекам, славниот готвач Гордон Ремзи, од социјалните мрежи откако овој јавно коментираше за неговата кавга со родителите
Најстариот син Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, престана да го следи славниот готвач Гордон Ремзи на социјалната мрежа Инстаграм, по неговите јавни коментари во врска со кавгата поеѓу синот и неговите родители порачувајќи му да не заборави од каде доаѓа.
Ремзи изјави за The Sun:
– Го сакам, неговото срце е неверојатно, но тешко е, мислам, кога си заљубен, љубовта е слепа. Го велат тоа поради таа причина. Тој очајно сака да застане на свои нозе, сака да си го изгради својот пат. И го почитувам тоа кај Бруклин, и тоа е нешто добро, нешто што треба да се направи.
Но, запомни од каде си дошол, и искрено, еден ден нема да ги имаш мајка ти и татко ти, и треба да го разбереш тоа.
Ремзи, кој со години е близок пријател на семејството Бекам, нагласил дека верува дека Бруклин наскоро ќе сфати колку му значи семејството.
Рекол и дека тој и неговата сопруга Тана виделе од прва рака колку добри родители се Дејвид и Викторија.
Ремзи ги демантираше и тврдењата дека Викторија Бекам му го „одзела“ првиот танц на Бруклин со Никола Пелц на нивната свадба во април 2022 година, истакнувајќи дека на веселбата немало ништо непримерно и дека сите гости уживале во атмосферата.
По овие изјави, Бруклин престанал да го следи готвачот на социјалните мрежи, но не го блокирал. Според блиски пријатели на семејството, тој и Никола биле незадоволни што нивните семејни несогласувања биле јавно коментирани и прикажани во негативно светло.