БРУКЛИН БЕКАМ ПОВТОРНО ПРЕДМЕТ НА ПОТСМЕВ Покажа како прави пица, му порачаа дека е ужасна (ВИДЕО)

Синот на славниот фудбалер и познатата модна дизајнерка често е предмет на потсмев на социјалните мрежи бидејќи сè уште го бара својот професионален пат.

421

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, веќе извесно време се обидува својата страст кон готвењето да ја претвори во професионална кариера, но судејќи според коментарите за неговите кулинарски способности, нема да биде така лесно.

Синот на славниот фудбалер и познатата модна дизајнерка често е предмет на потсмев на социјалните мрежи бидејќи сè уште го бара својот професионален пат, а во последно време тежнее кон тоа да биде готвач. Сега со објава на својот Инстаграм ја покажа својата умешност во правањето домашна пица, а бројни коментатори не се баш воодушевени од она што го покажа.






На видеото се гледа како Бруклин ги меша вообичаените состојки за тесто – брашно, квасец и маслиново масло со чаша вода. Тестото го остави да отстои, пред да го рассука, а од друга страна направил сос од домати и испржил печурки. Откако ги наредил состојките и ја испекол пицата, ја украсил со листови бебешки спанаќ.

Неговата сопруга Никола Пелц оставила коментар во кој му изразува поддршка на својот сопруг, но судејќи според другите реакции, следбениците не биле воодушевени. Се осврнале на состојките кои младиот готвач ги користел при правењето пица.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham


„Сериозно? Основата за твојот сос се конзервираните домати и свежиот лук?“, е еден од коментарите, додека други корисници исто така истакнале како пицата изгледа „недоволно печена“. „Оваа пица изгледа ужасно“, напишал еден корисник, додека друг му рекол на младиот Бекам „да престане да готви“.

Инаку, ова не е првпат да го исмејуваат Бекам. Неодамна го запреле на улица додека возел скап автомобил и го прашале што работи за живот, па успеал да си дозволи, а тој одговорил дека е готвач.

„Еј човеку, со што се занимаваш? Автомобилот ти е супер“, го прашал тиктокерот Даниел Мек Бруклин откако го видел зад воланот на неговиот автомобил. Застанувајќи за момент, тој одговорил: „Јас сум готвач“, што поттикна голем број саркастични коментари на социјалните мрежи.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини