📽 БРУКЛИН БЕКАМ ОБЈАВИ ЗА СВОЈАТА СОПРУГА, ОБОЖАВАТЕЛИТЕ ГО НАПАДНАА „Колку непочитување кон твоите родители“

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, порача дека секогаш ќе ја избере својата сопруга Никола Пелц. Таа реченица немаше да привлече внимание ако не ја напишаше среде сè поголемите тензии со своите родители.

1,945

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, порача дека секогаш ќе ја избере својата сопруга Никола Пелц. Таа реченица немаше да привлече внимание ако не ја напишаше среде сè поголемите тензии со своите родители.

Бруклин (26) јасно ги покажа своите чувства на Инстаграм, каде што ѝ оддаде почит на својата сопруга Никола Пелц (30), ќерка на милијардерот и инвеститор од Мајами, Нелсон Пелц. Тој објави видео од себе како вози мотоцикл, додека сопругата седи зад него, со опис: „Целиот мој свет, секогаш ќе те сакам. Секогаш те одбирам тебе, љубов, ти си најневеројатната личност што ја познавам. Засекогаш ти и јас, љубов.“

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham


Објавата предизвика поделени реакции кај неговите следбеници. Еден следбеничка напиша: „Вистинската љубов не те тера да избереш. Зошто не можеш да ја сакаш и својата сопруга и своето семејство? Се надевам дека што и да се случува, ќе може да се реши.“ Друга додала: „Многу детинесто. Сè им должиш на твоите родители. Почни да се однесуваш така, ги повредуваш.“ Трета коментирала: „Колку непочитување кон твоите  родители“.

Гласините за семејната кавга дополнително се засилија откако Бруклин и Никола не присуствуваа на ниту еден од настаните по повод 50-тиот роденден на Дејвид претходно овој месец – и покрај тоа што во тоа време беа во Велика Британија. Еден извор откри за „Метро“ дека Викторија очајно сака Бруклин да се вразуми, бидејќи целата ситуација силно ја погодила.

„Викторија не може да ја поднесе помислата дека нејзиното семејство е така поделено, особено кога станува збор за нејзиното дете. Отсуството на Бруклин на роденденската забава на Дејвид беше многу забележливо и таа навистина сакаше да биде таму“, рекол изворот. „Тој се надева дека Бруклин ќе ги среди работите со текот на времето. Тие отсекогаш биле многу блиско семејство и да се гледа тоа сега – тоа беше поразително за Викторија и Дејвид.“

По прославата, Дејвид се обидел да направи чекор кон помирување и му испратил на синот писмо за помирување, велејќи му дека му недостасувал на машкото патување во Шкотска организирано за неговиот роденден. Тој напишал на Инстаграм: „Пред шест месеци планирав излет со момчињата, отидовме на кампување и риболов за мојот 50-ти роденден – беше многу забавно.“

Тој објави и фотографии од тоа патување, вклучувајќи слики со своите двајца помлади синови. Неколку часа подоцна, тој сподели селфи со Ромео и Круз, истакнувајќи дека Бруклин не е присутен.

„Ни недостасуваше“, додаде тој и го означи својот најстар син.

Наводно, тензијата меѓу браќата се појавила и поради Ким Тернбол, новата девојка на Ромео, која наводно претходно била во врска со Бруклин, пред да започне врска со Ромео. Иако Круз ги негираше гласините дека Бруклин и Ким некогаш се забавувале, и понатаму се пишува за затегнати односи во семејството.

Исто така, се наведува дека Бруклин и Никола се зближиле со принцот Хари и Меган Маркл, па дури и ја прифатиле нивната покана за вечера, каде што се зближиле разговарајќи за слични семејни искуства.

Поврзани содржини