📷 БРУК ШИЛДС НА ЦРЕВНИОТ ТЕПИХ ДОЈДЕ ВО ПЛАСТИЧНИ КЛОМПИ Славната актерка за необичниот избор има добра причина

Познатата актерка на доделувањето на наградите „Тони“ се појави во долг жолт фустан кој за ваква свечена пригода го искомбинира со крајно необични чевли.

403

Брук Шилдс избра необични обувки на 77. доделување на наградата „Тони“ и не е првпат да носи ваков пар на црвениот тепих. Но, овој пат чудниот избор не е од мода, туку повеќе од мака.

Познатата актерка за доделувањето на наградите Тони се појави во долг жолт фустан кој за ваква свечена пригода го искомбинира со крајно необични чевли – пластични жолти кломпи за плажа.






Брук Шилдс изгледаше неверојатно во впечатливиот фустан, а изборот на обувки беше тешко да се игнорира.

На фотографиите, актерката го подигна фустанот за да ги открие нејзините жолти кроки влечки и направи шокирано лице за да го привлече вниманието на нејзиниот „моден неуспех“.

Сепак, Брук имаше добра причина за нејзиниот неочекуван избор на обувки.

Актерката на својот профил на Инстаграм откри дека имала операција на прстите на нозете, поради што не можела да носи чевли со високи потпетици, а нејзините обожаватели и посакаа брзо закрепнување.

Поврзани содржини