БРОЕВИТЕ 80 И 61 СЕ ПОБЕДНИЧКИ ВО КУМАНОВО Ајде заедно да направиме 800 проекти, повика Максим Димитриевски

Предвидено е намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, како и гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта - рече Димитриевски.

363

Броевите 80 и 61 се победничката понуда за локалните избори во Куманово. Ајде, заеднички во недела да продолжиме со развојот на Куманово. Во следниот мандат предвидени за реализација се 800 проекти. Ветуваме дека ќе продолжиме со одговорно и транспарентно работење во интерес на сите граѓани. Продолжуваме да го подобруваме животот на наши кумановци и кумановки“, порачува независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.

Димитриевски, во дебатната емисија на ТВ Плус за локалните избори со против кандидатите за градоначалници потенцираше дека Куманово е еден од ретките градови што има гасификација.






– Во изминатите четири години испорачани се над 2.100.000м3 гас до потрошувачите. Изградена е 4.500м гасоводна мрежа, доведен е гас во близина на повеќе клучни јавни институции и установи. Исто така, вложено е и во енергетска ефикасност на училиштата. Во идниот мандат, предвидено е ширење на гасификациона мрежа и гасифицирање со фокус на сите јавни објекти на територија на Општина Куманово и индустриски капацитети во село Добрашане, населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица, како и гасификација на домаќинствата на локации, каде што веќе имаме постоечка гасоводна мрежа. Предвидено е намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа, како и гасификација и вложување во енергетска ефикасност на општинските училишта – рече Димитриевски.

Поврзани содржини