БРОД УРНА МОСТ ВО КИНА Двајца загинаа, по тројца се трага

78

Најмалку две лица загинаа, а три се водат како исчезнати откако товарен брод удри во мост во Кина, соопштија локалните власти.

Празен носач на контејнери, кој пловел помеѓу Фошан и Гуангжу, главниот град на јужната кинеска провинција Гуангдонг, удрил во столб од мост.






Од ударот дел од мостот е оштетен.

На местото на несреќата се испратени десетици спасувачи.

 

Поврзани содржини