📽️ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА 21 ЛИЦЕ Во теророт кој траеше 9 часа употребени се 440 дронови и 32 ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече овој напад „еден од најстрашните“ што Русија го извршила врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година.

1,282

Бројот на жртви од најмасовниот руски напад врз Киев од почетокот на инвазијата се искачи на 21, соопштија украинските служби за итни случаи во вторникот.

Во нападот кој траел повеќе од 9 часа, биле повредени најмалку 134 лица, а цел на офанзивата биле 27 локации во главниот град на Украина.






„Вкупно 21 лице загина во главниот град, а 134 се повредени“, напишаа службите за итни случаи на своите канали на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече овој напад „еден од најстрашните“ што Русија го извршила врз Киев откако започна инвазијата во февруари 2022 година. Тој потврди дека во нападот биле употребени повеќе од 440 дронови и 32 ракети, што ја прави оваа офанзива една од најжестоките и најобемните досега.

 

Според министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, ударите биле насочени кон 27 различни цели во градот.

Покрај нападот врз Киев, руските сили погодиле и други делови од Украина. Во Одеса загинале две лица, а 17 се повредени. Уште две лица ги загубиле животите во нападите во регионите Суми и Херсон, информираа украинските власти.

 

Поврзани содржини