Бројот на заболени со ковид-19 во САД надмина 150.000 лица во еден ден

Податоците, исто така, покажуваат дека САД десетти ден по ред бележи повеќе од 100.000 новозаболени.

177

Бројот на новозаразени во САД првпат е поголем од 150.000 лица, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Регистрирани се 153.496 нови случаи на ковид-19, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.






Податоците, исто така, покажуваат дека САД десетти ден по ред бележи повеќе од 100.000 новозаболени.

Во изминатите 24 часа починале најмалку 919 пациенти од последици на коронавирусот.

Досега во земјата се потврдени над 10,5 милиони заразени со ковид-19 и 242.423 смртни случаи.

Поврзани содржини