Бројот на заболени со ковид-19 во Европа надмина 11 милиони лица
Речиси половина од овие случаи се во најпогодените земји: Русија (1.673.686 случаи), Франција (1.466.433 инфекции), Шпанија (1.240.697) и Велика Британија (1.053.864).
Повеќе од 11 милиони нови инфекции на коронавирус се регистрирани во Европа, според официјалните извори, обработени од АФП.
Најмалку 11.008.465 инфекции и 284.148 смртни случаи се пријавени во Европа. Речиси половина од овие случаи се во најпогодените земји: Русија (1.673.686 случаи), Франција (1.466.433 инфекции), Шпанија (1.240.697) и Велика Британија (1.053.864).
Вкупно 46.998.445 заразени и 1.206.930 смртни случаи се регистрирани ширум светот.