БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА 6% Растот се должи на странците кои ја посетиле земјава

Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0,8%. Кај домашните туристи има намалување за 4,1%, а кај странските раст од 6,4%.

114

Вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6% во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10,3%, а кај домашните намалување од 2,2%, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0,8%. Кај домашните туристи има намалување за 4,1%, а кај странските раст од 6,4%.






Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36,7% биле домашни, а 63,3% странски.

Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112.001, од кои 42,4% се од домашните туристи, а 57,6% од странските.

Во декември лани најмногу туристи дошле од Турција 7.303, вкупно 5.214 туристи дошле од Бугарија, 4.736 од Србија и 3.438 од Грција.

Поврзани содржини