Бројот на починати од ковид-19 во Италија се зголеми за 464, на вкупно 25.549

263

Бројот на починати од коронавирусот во Италија денеска се зголеми за 464, што е благ пораст во однос на претходниот ден кога изнесуваше 437, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.






Во исто време, порастот на новозаразени падна на 2.646 во однос на вчерашната бројка од 3.370.

Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата на 21 февруари се зголеми на 25.549, што е втор најголем после САД.

Бројот на заразени од коронавирусот изнесува 189.973, што е трет најголем после САД и Шпанија.

Агенцијата за цивилна заштита првпат објави податоци за тоа колку луѓе досега се тестирани, наведувајќи дека се работи за 1,053 милиони Италијанци од 60 милиони жители

Поврзани содржини