Бројот на пациенти со ковид-19 во болниците во Њујорк се намали на 817

201

Бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19 во државата Њујорк се намали на 817, што е најмал број од 18 март, изјави денеска гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.

Тој кажа дека државата Њујорк бележи постојан напредок во борбата против коронавирусот и додаде дека во последните 24 часа умреле девет лица, пренесоа британските медиуми.






– Бројките почнаа да се намалуваат откако почнавме со отворањето – рече Куомо на прес-конференција.

Поврзани содржини