БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ КАТАСТРОФАЛЕН Брнабиќ вели дека Србија ќе забележи нов неславен рекорд
Бројките, од осум часот наутро, се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги, рече српската премиерка Ана Брнабиќ.
Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека денеска, во апсолутни бројки, бројот на новозаразени со ковид-19 ќе биде катастрофален.
Во изјава за ТВ Прва, Брнабиќ истакна дека според податоците од осум часот утринава, ќе биде постигнат „нов негативен и неславен рекорд“ на бројот на новозаразени.
– Бројките, од осум часот наутро, се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги – нагласи премиерката.
Таа потсети дека во сила се повеќе антиепидемиски мерки.
– Имаме мерки кои доколку се почитуваат би имале стабилна состојба – истакна Брнабиќ, додавајќи дека Србија ги обезбедила сите вакцини и лекови.
Таа рече и дека денеска ќе се одржи состанок на Министерството за образование со медицинскиот дел од Кризниот штаб и оти очекува нивен предлог за одржување на наставата.