БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ СЕ ЗГОЛЕМИ НА 3.028 Маск со 500 милијарди евра богатство најави раст на богатството и на останатите

Најголемиот број од нив доаѓа од САД, дури 902, по што следуваат Кина со 516 и Индија со 205 милијардери.

114

Илон Маск стана првиот милијардер чие богатство надмина 500 милијарди евра што може да се смета за најава дека богатството на најбогатите во светот годинава се зголемува. А  кој  покрај Маск беше на  листата на Форбс објавена на почетокот на годинава?

Таа вклучи вкупно 3.028 милијардери или 247 повеќе од лани, што е рекорден број откако листата беше првпат објавена во 1987 година. Вкупното богатство на сите милијардери е 16,1 трилиони долари, што е зголемување од 2 трилиони долари во однос на 2024 година.






Најголемиот број од нив доаѓа од САД, дури 902, по што следуваат Кина со 516 и Индија со 205 милијардери.

Повеќе од 50% од сите учесници на листата се граѓани на една од овие три земји, но вкупно 76 нации и две полуавтономни територии имаат барем еден милијардер, вклучувајќи ја и Албанија која е вклучена на листата за прв пат.

Форбс, исто така, додаде 15 од Саудиска Арабија оваа година, откако ги отстрани милијардерите од Кралството во 2018 година по владината репресија.

Просечното богатство сега изнесува 5,3 милијарди долари, што е за 200 милиони долари повеќе од 2024 година.

Клубот  15 стомилијардери годинава вредат 2,4 трилиони долари – повеќе од вкупно 1.500 милијардери на дното.

Листата ја предводи Елон Маск  со богатство кое  за време на објавување на листата на почетокот на годината беше проценето на 342 милијарди долари , сега надмина 500 милијарди долари.

Тогаш на втората и третата позиција се најдоа  Марк Закерберг и Џеф Безос, чие богатство беше проценето на  216 односно 213 милијарди долари.

Лари Елисон бше четврти со богатство од 192 милијарди долари, но богатството на Елисон последните месеци се  зголеми за 101 милијарда долари преку ноќ и достигна 393 милијарди долари, што го направи најбогат човек во светот за период од еден ден. Што покажува дека листата на најбогати веќе наредната година ќе биде можеби изменета, а богатите уште побогати.

Во првите 10 на листата повеќето се Американци, освен Французинот Бернар Арно кој е на 5 место, и Шпанецот Арманчи Ортега кој се најде на 9 место.

Вкупно 288 нови лица се приклучија на годишната ранг-листа на милијардери оваа година. Меѓу нив се познати личности како рок-ѕвездата Брус Спрингстин (1,2 милијарди долари), филмската ѕвезда Арнолд Шварценегер (1,1 милијарда долари) и комичарот Џери Сајнфелд (1,1 милијарда долари). Исто така, нови се: контроверзниот „бос“ на крипто-интелигенцијата Џастин Сан (8,5 милијарди долари), неколку тајкуни на вештачката интелигенција.

На листата е и американскиот претседател Доналд Трамп. Нето-вредноста на претседателот се зголеми повеќе од двојно, од околу 2,3 милијарди долари на околу 5,1 милијарда долари. Последните податоци за неговото богатство говорат дека и во текот на годинава тоа оди нагоре и стигна на 5,5 милијарди долари.

Целата листа можете да ја видите на линкот.

Поврзани содржини