БРОЈОТ Е 070 355 526 Владата отвори нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на премиерот, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства, најави портпаролката на владата Марија Митева.

128

Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам. Секој човек, секоја приказна, секоја потреба – се важни, истакна на денешната прес конференција портпаролката на владата Марија Митева.

– Ова обраќање денеска е наменето пред сè за повредените и за нивните најблиски, за лицата кои се лекуваат во кочанската болница и кои се соочуваат со последици што бараат трпеливост, сила, но и системска поддршка. Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни. Затоа започнуваме со нова активност, во насока на она што го ветивме: континуирана, организирана, системска и човечка поддршка.






Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства – рееч Митева.

Телефонскиот број е нов канал за директна комуникација со повредените и со нивните семејства.

– Преземањето на овие активности не се заклучоци донесени од канцеларија – тие се резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работеше во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови. Секое укажување и секој ненагласен апел – се земени предвид и вградени во оваа нова фаза на поддршка.

Во првата фаза, ги повикуваме сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања кои ги имаат, предлози и конкретни потреби. Оваа линија нема да биде само контакт, туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај – нагласи Митева.

На прашањето, зошто ова се прави сега, таа истакна дека Владата верува дека поддршката не смее да биде еднократна, туку таa е процес.

– Затоа што знаеме дека здравствената и психолошката состојба на повредените се менува секој ден и дека пред сè, им беше потребно време да се посветат на своето закрепнување. Кога се во состојба на закрепнување и имаат нови барања и потреби ние сме целосно подготвени да им излеземе во пресрет за сите останати состојби со структуриран, отворен и достапен механизам. Ова е наша обврска, посветено и постојано присуство на институциите таму каде што е најпотребно – порача Митева.

Поврзани содржини