БРОЈКАТА НА ЖРТВИ МОЖЕШЕ ДА БИДЕ МНОГУ ПОГОЛЕМА За Мехмедовиќ е клучно што беа испратени пациенти во странство

Денеска сме до бројката 61, жално е, висока бројка е, но бројката можеше да биде многу поголема, а со такви третмани во болниците кои се високо квалификувани, беше многу важна и видовме каков е резултатот на третманот, и сметам дека е апсолутно исправна одлуката, без да го ставиме своето его, експертиза на страна, и да донесеме одлука да ги испратиме во странство, отколку да докажуваме дека ние имаме капацитет, истакна директорот на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација.

368

Бројката на жртви од пожарот во Кочани можеше да биде многу поголема доколку не беа испратени пациенти на лекување во странство каде што постои професионално знаење за третман на изгореници, смета Злате Мехмедовиќ, директорот на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација.

– И добро е што тоа се случи така, затоа што бројката на починати можеше да биде многу поголема од 59. Денеска сме до бројката 61, жално е, висока бројка е, но бројката можеше да биде многу поголема, а со такви третмани во болниците кои се високо квалификувани, беше многу важна и видовме каков е резултатот на третманот, и сметам дека е апсолутно исправна одлуката, без да го ставиме своето его, експертиза на страна, и да донесеме одлука да ги испратиме во странство, отколку да докажуваме дека ние имаме капацитет – истакна Мехмедовиќ во гостување на „Дели Клик“ на ТВ21.






Мехмедовиќ изјави дека нема потреба од апели по социјалните мрежи за помош за лекување на повредените, бидејќи сето тоа ќе биде покриенo од државата.

 

Поврзани содржини