Бројката на хоспитализирани расте: Во ковид-центрите има 825 пациенти

325

Во ковид-центрите во болниците во земјава  во изминативе 24 часа се зголеми бројката на нови приеми и денеска таму се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив 500 пациенти има низ ковид-центрите во внатрешноста, а 325 пациенти се лекуваат во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 32 болен, а во Куманово 71 пациенти позитивни и суспектни на коронавирус.






Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациент, во Кочани 6 во Кичево 10, Кавадарци 60, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 825 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини