Брнс: Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократскиот процес

308

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнс изразува задоволство од учеството на граѓаните во изборниот процес за денешените предвремени парламентарни избори.

„Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес. Тим од Амбасадата на САД му се придружи на ОБСЕ, на граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидам таму заедно со нив“, напиша на нејзиниот официјален Твитер профил амбасадорката Брнс.






Амбасадата на САД ги набљудува изборите со 41 акредитиран набљудувач. 

Поврзани содржини