Брнз по извештајот на „Транспаренси“: Борбата против корупцијата е критично важна задача за Северна Македонија
„Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата“, напиша Брнз.
Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнз, на Фејсбук напиша дека корупцијата ги загрозува меѓусебната доверба едни во други, во Владата, во правдата и економијата.
„Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата“, напиша Брнз.
Таа додаде дека индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ во 2020 година е јасен сигнал дека борбата против корупцијата останува критично важна задача за Северна Македонија и фокус на стратешкото партнерство.