📽 БРКОТНИЦИ НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ Тројца крадци нападнале полицајци при апсењето во Чаир

Приведените претходно извршиле тешка кражба во населбата Кисела Вода.

830

Голема полициска акција се случуваше пред вчера во скопската населба Чаир, каде што полицајци привеле три лица, М.Ќ. (32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава за извршена тешка кражба на територија на Кисела Вода.

Како што информира МВР од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје. Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода. При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






Поврзани содржини