БРИЖИТ БАРДО Е ОПЕРИРАНА ПОРАДИ СЕРИОЗНА БОЛЕСТ Француската икона е во приватна болница во Тулон

Француската икона Брижит Бардо е три недели во болница, а нејзината состојба е загрижувачка. Според медиумите, таа била подложена на „операција поради сериозна болест“ и се очекува да биде пуштена за неколку дена.

1,331

Француската икона Брижит Бардо (91) била итно хоспитализирана и моментално се наоѓа во приватна болница во Тулон, на југот на Франција, недалеку од нејзиниот дом во Сен Тропе, објавија странските медиуми.

Таа е веќе три недели во болница, а нејзината состојба е загрижувачка, пренесува Анса.
Се известува дека Бардо била подложена на итна операција поради сериозна болест, се очекува да биде отпуштена од болница за неколку дена, иако нејзината состојба останува загрижувачка.






Во 1970-тите, Брижит Бардо се пензионираше од филмската индустрија и го посвети својот живот на заштитата на животните, основајќи своја фондација.
Да се потсетиме дека во текот на нејзината кариера глумеше во околу 47 играни филмови. Што се однесува до музиката, таа сними околу 30 песни, од кои многу беа популарни во Франција во текот на 1950-тите и 1960-тите.

 

Поврзани содржини