Американската поп-пејачка Бритни Спирс (39) се сврши со своето момче Сем Асгари (27) и објави видео на својот интернет-профил на којшто се пофали со дијамантскиот прстен.
Видеото за еден ден го погледнале над 1,6 милиони корисници на Инстаграм.
Оваа вест доаѓа откако нејзиниот татко Џејми Спирс испрати писмо до судот во кое наведе дека е подготвен да отстапи од местото старател на својата ќерка Бритни.
Честитки пристигнуваат од сите страни за свршувачката на Бритни и Сем, а меѓу првите им честиташе богатата наследничка Парис Хилтон, која цело време ја поддржуваше пејачката.
Бритни Спирс во 2016 година го запозна 12 години помладиот Асгари, на снимањето на видеоспотот за песната „Slumber Party“. Пејачката, инаку, има две деца од претходниот брак со раперот Кевин Федерлајн. Таа претходно беше кратко омажена и за нејзиниот пријател од детството – Џејсон Александар, но тој брак траеше само 55 часа.
Бритни Спирс се прослави со хитовите „Toxic“, „Womanizer“, „Baby One More Time“, „Scream and Shout“, „I Wanna Go“ и „Till the World Ends“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм