Поп-пејачката Бритни Спирс (38) на Инстаграм одлучи да покаже како навистина изгледа во секојдневниот живот.
Пејачката во моментот престојува во нејзината вила во Таусенд Оукс, а непосредно пред да се направат фотографиите, таа сакала да го поправи светлото во својот дом.
Во домашна атмосфера, поп-принцезата изгледа како сите нас. Освен што ги заменила леќите со диоптриски очила, таа носела апостолки, карирана кошула и фармерки.
– Вака изгледам секојдневно“, напишала Бритни во објавата која ја насловила „Инстаграм наспроти реалноста“.
„И јас можам да се чувствувам несигурно поради фотографиите направени кога не сум подготвена, па морам да вложам дополнителен труд во мојот изглед. Но, знаете што, понекогаш е убаво да не се трудите толку многу и да се покажете во вистинското светло. Сепак, треба сила за да го направите тоа”. таа напиша.
ФОТО: Инстаграм/24сата.хр