Бритни Спирс на суд рекла дека сака уште едно дете, но татко ѝ не ѝ дозволил да забремени

527

Бритни Спирс (37) признала кај истражителката дека сака да има уште едно дете, но дека нејзиниот татко, Џејми Спирс (67), ѝ забранил да забремени и да роди.

Поп-принцезата рекла на суд дека сака дете со момчето Сем Ашгари, но дека нејзиниот татко бил експлицитно против тоа, пренесува „ЈуЕс викли“.






– Бритни му рекла на истражителот дека сакала да има уште едно дете. Но, нејзиниот татко секогаш беше против тоа – изјави извор близок на пејачката, која веќе има два сина – Шон (14) и Џејден (13).

Да потсетиме, Бритни со години наназад живее како роб на нејзиниот татко, кој од 2008 година, кога пејачката имаше јавен нервен слом и заврши во болница, има законско старателство над неа.

Оттогаш, Бритни не може за ништо во својот живот самостојно да одлучува.

Секоја година странките се наоѓаат на суд да ги оправдаат причините зошто старателството треба да се продолжи или не. Повеќе од една деценија, Џејми не ја пушта Бритни да живее независно.

Признанието на Бритни Спирс дека нејзиниот татко ја принудил да зема дрога, а потоа да ја стави во установа за ментално здравје против нејзината волја, не помогна и таа работеше за конечно да може да го води својот живот самостојно.

Џејми се шпекулира дека се обидува да ја задржи Бритни под контрола по секоја цена, со цел да добие увид во нејзината финансиска состојба и трошоците.

Со целото свое богатство управува нејзиниот татко, а лутите и тажни обожаватели го започнаа движењето #FreeBritney, инсистирајќи на тоа пејачката да остане сама да живее слободно.

Џејми Спирс беше назначен да ги надгледува недвижностите и здравствената заштита на неговата ќерка, додека адвокатот Ендру Волт беше задолжен за управување со средствата. Таткото на Бритни има контрола над различните аспекти од нејзиниот живот, од деловни преговори до забрани за посети.

Законот предвидува секоја финансиска одлука во име на Бритни да биде евидентирана на суд. Според извештајот за 2018 година, нејзините вкупни средства се 59 милиони американски долари. Од таа сума, 128.000 долари директно земал нејзиниот татко, додека законските трошоци за одржување на старателството биле 1,1 милиони долари.

Поврзани содржини