БРИТНИ СПИРС ГО ИЗНЕВЕРИЛА И ГО ИСТЕПАЛА СВОЈОТ СОПРУГ Нови детали за разводот на пејачката со Сем Ашгари

Бритни била насилна кон Сем и го удрила неколку пати, тврдат таблоидите. Се спомна инцидент кога го удрила додека спиел, а обезбедувањето морало да ги раздвои кога расправиите станале насилни.

1,050

Пејачката Бритни Спирс се разведува по неполни две години брак, а нејзиниот сопруг Сем Асгари тврди дека Бритни го изневерила со вработен и го претепала, тврда американските таблоиди.

Бритни Спирс и Сем Асгари (29) се во врска шест години. Во бракот никогаш не им „цветаа рози“, но до сега никогаш не беа изнесени вакви сериозни обвинувања!






Сем Асгари се посомневал дека Бритни го изневерува со еден од момците кои работеле на одржување на куќата и на имотот во Јужна Калифорнија, каде што живееле заедно.

„Сем беше загрижен дека Бритни, која во тоа време беше многу психички ранлива и хиперсексуална, има афера со еден од чистачите. Тој бараше од вработените да ја снимаат ако се шета гола“, рекол извор близок на парот.

Бритни била насилна кон Сем и го удрила неколку пати. Се спомна инцидент кога го удрила додека спиел, а обезбедувањето морало да ги раздвои кога расправиите станале насилни.

Бритни се уште не се изјаснила за овие обвинувања.

Поврзани содржини