БРИТНИ СПИРС ГО ИЗБРИША ПРОФИЛОТ НА ИНСТАГРАМ Пејачката се повлече откако го исплаши семејството со непредвидливото однесување
Инстаграм профилот на Спирс повеќе не е достапен, со порака дека „страницата можеби е отстранета“. Изненадувачкиот потег на поп-ѕвездата на социјалните медиуми доаѓа откако беше снимена како опасно скршнува додека се вози кон дома по ноќното излегување со пријателка кон крајот на минатиот месец.
Бритни Спирс го избриша својот Инстаграм профил откако се појави на насловните поради нејзиното непредвидливо однесување, кое наводно предизвикало сериозна загриженост кај нејзиното семејство.
Инстаграм профилот на Спирс повеќе не е достапен со порака што гласеше: „Извинете, оваа страница не е достапна за преглед“. Инстаграм забележа дека „страницата можеби е отстранета“.
Сепак, нејзиниот X профил е сè уште достапен за преглед.
Изненадувачкиот потег на поп-ѕвездата на социјалните медиуми доаѓа откако беше снимена како опасно скршнува додека се вози кон дома по ноќен излез со пријателка кон крајот на минатиот месец. Во еден момент, црниот кабриолет BMW на Спирс ја премина централната преграда на патот во видео објавено од Page Six.
Сепак, менаџер во ресторанот Red O во Вестлејк, Калифорнија, кој се грижеше за Спирс и нејзината пријателка пред пејачката да седне зад воланот, рече дека таа „не била пијана“ додека вечерале во луксузниот ресторан.
– Таа беше супер опуштена и навистина фина. Само се дружеше, нешто изеде и си замина – изјави менаџерот Оливер Вин за Us Weekly.
– Бев импресиониран колку всушност беше фина. Сум работел во други ресторани што ги посетуваат многу познати личности и никогаш не сум видел позната личност да биде толку фина како што беше Бритни – додава тој.
Подоцна Бритни се појави да им даде на своите следбеници на Инстаграм бизарен изговор за нејзиното непредвидливо возење.
– Ако некој се прашува, таа што личеше на мене не бев јас… – напиша таа на Инстаграм.
Сепак, видеото на кое Спирс талка по други ленти за автомобили наводно ги исплашило нејзините најблиски, кои го споредија нејзиното однесување со нејзините лудории пред нејзиниот слом во 2007 година, кога ја избричи главата и го изгуби старателството над своите два сина – Шон Престон, сега 20, и Џејден Џејмс, сега 19 – кои ги дели со својот поранешен сопруг, Кевин Федерлајн.
– Постои голема загриженост. Секој отсекогаш го сакал најдоброто за неа, а таа токму сега покажува дека прави лоши избори – изјавил извор за „Дејли меил“.
– Застрашувачки е. Значи, многу се зборува за тоа што да се прави, ако воопшто се прави. Како можеме да ја заштитиме од самата себе – додаде изворот.
Спирс беше во насловите минатиот месец поради мемоарите на Федерлајн, „You Thought You Knew“, во кои беа објавени шокантни обвинувања против 43-годишната поп-ѕвезда.
Таа возврати на неговите тврдења, а нејзин портпарол претходно изјави за „Пејџ Сикс“ дека поранешниот резервен танчер „профитира од неа“ откако завршиле нејзините исплати за издршка.