Пејачката Бритни Спирс (38) уште еднаш ги згрози и загрижи обожавателите со своите последни објави на социјалните мрежи. Таа најпрво објавила фотографија на која држи маргаритки и го спомнува Бог.
Потоа објавила фотографија од уметникот Ханс Зацка pa фотографија од себе на која шминката ѝ е размачкана.
„Бог да Ве благослови сите“, напиша Бритни.
Сите овие фотографии предизвикаа забуна кај фановите. Тие ѝ напишаа да направи видео за да се уверат дека сѐ е во ред со неа.
„Брит, дали си добро? Те молам, објави видео за сите загрижени фанови“, “Бог да те благослови, сите се бориме за тебе“, “Шминката околу очите е повик за помош“, „Ако си во опасност, облечи на следната фотографија нешто розово“, ѝ напишале фановите.
Тие ја прашуваа какви се значењето на објавените фотографии и кој всушност ги објавува.
Некои дури заклучија дека фотографиите воопшто не ги објавува таа и дека ова е знак дека е во опасност. Започнаа да пишуваат во коментарите дека полиција треба да биде испратена на нејзината адреса.
„Дали некој ја знае нејзината адреса? Треба да ја повикаме полицијата да ја провери нејзината состојба“, беа некои од коментарите.
Исто така, забележале и дека бројни фотографии од профилот на Инстаграм на Бритни „исчезнале“ па ѝ напишале на пејачката молејќи ја да го издржи периодот низ кој што поминува.
Спирс ги имаше едни од најбурните денови од нејзиниот живот во 2007 година, кога ја избричи глава ќелава додека доживуваше нервен слом.
FOTO: Instagram