Бритни Спирс ги шокираше фановите со нови провокативни фотографии на Инстаграм (ФОТО)

Бритни има 31 милиони следбеници што ја прави една од најпопуларните луѓе на планетата. Сите тие луѓе ја следат на социјалните мрежи откако почна судењето и нејзината борба за втора шанса

3,621

Контроверзната Бритни Спирс повторно ги шокираше фановите на Инстаграм со своите нови фотографии, пренесува Новости.

„Ако може да објавува што сака, тогаш навистина е независна?“ и „Дали ѝ требаше баш ова сега кога е на суд?, се дел од прашањата на нејзините фанови.






31 милион следбеници, а уште под старателство

Бритни има 31 милиони следбеници што ја прави една од најпопуларните луѓе на планетата. Сите тие луѓе ја следат на социјалните мрежи откако почна судењето и нејзината борба за втора шанса. Да се потсетиме, нејзиниот татко доби право да одлучува за неа затоа што беше прогласена за луда по употребата на наркотици и алкохол, како и многу ексцеси што ги предизвика.

Дали е тоа Бритни гола во бањата?

Бритни побара од судот да се укине старателството, после 12 години „заробеништво“. А потоа, објави фотографија од себеси како седи гола во бањата. Селфито е отпозади, од моментот пред таа да влезе во полната када со собрана коса и со сребрено ланче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

На повеќе од два милиони следбеници им се допадна фотографијата, а некои дури и објавија коментари во стилот на „грбот на Бритни“ и „слободна Бритни“.

Но, некои од луѓето се сомневаат дека тоа е Бритни на фотографијата. На нејзиниот грб недостасуваат познатите тетоважи. Некои од коментарите се: „Дали си ова навистина ти?“ и „Дали објавуваш слики на други луѓе?“

Танц со омилената тетоважа

На 1 јули поп-иконата објави видео во кое игра во потпетици, панталони и маица, најавувајќи нов проект. Сликата покажува дека Бритни има тетоважа на вратот, нејзината омилена.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Бритни Спирс објави навредлив пост

Бесната Бритни Спирс тогаш објави нов пост со погрдна порака во смисла „можеш да ми го бациш…“. Под сликата таа напишала дека тоа е нејзиниот гол грб, но подоцна таа ја „уреди“ (избриша) тетоважата за да видела како ќе изгледа без неа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Бритни Спирс воопшто не си помага со ваквите објави. Сега, на судењето ќе бидат земени предвид и овие нејзини испади, иако нејзината мајка Лин Спирс ја поддржа Бритни таа сама да одлучи кој ќе ѝ биде адвокат. Од објавите како да се срами и менаџерот на Бритни, Лери Рудолф, кој најави дека нема да им се обраќа на медиумите дури не заврши судењето.

Поврзани содржини