Судот во Лос Анџелес пред два дена го прифати барањето на адвокатoт на Бритни Спирс и му го одзема старателството на нејзиниот татко, што е голема победа за пејачката, која конечно ќе може да ги контролира своите финансии и приватниот живот.
Судијката Бренда Пени го суспендираше Џејми П. Спирс како старател и управник на нејзиниот имот вреден 60 милиони долари, за што Бритни се бори од 2008 година.
По победата, Бритни напиша на Инстаграм дека е „на седмо небо“, а со најновите објави повторно предизвика конфузија.
Фотографиите можете да ги погледнете тука.
ФОТО: Инстаграм