„БРИТНИ НАСПРОТИ СПИРС“ Излезе трејлерот за документарецот на „Нетфликс“ (ВИДЕО)
„Нетфликс“ најави премиера на документарниот филм „Бритни наспроти Спирс“ на 28 септември годинава.
„Нетфликс“ најавува дека ќе го претстави документарниот филм „Бритни наспроти Спирс“ на крајот на овој месец.
Тизерот беше објавен пред трејлерот, кој трае 18 секунди и нуди краток увид во гласовната порака што пејачката му ја остави на својот адвокат во 2009 година.
Премиерата на документарниот филм е закажана за 28 септември годинава.
Барањето „Слобода за Бритни“ и притисокот од јавноста вроди со плод, пејачката неодамна го смени адвокатот и ја продолжи борбата, а нејзиниот татко побара од судот целосно да го прекине нејзиниот притвор. Документарниот филм на „Нетфликс“ пристигнува само неколку месеци откако беше објавено првото позитивно сознание за пејачката.
Поради старателството кое го имаше нејзиниот татко врз неа, таа не беше во можност да се вери со нејзиното момче, но откако сагата заврши, таа доби понуда за брак.
View this post on Instagram