БРИТАНСКИТЕ РАКЕТИ СТИГНАА ВО УКРАИНА Ова е горда и суверена нација (ВИДЕО)
Говорејќи за радио Ел-Би-Си во средата, британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хепи ја опиша Украина како „горда суверена нација која се соочува со егзистенцијална закана и знае до суштината на своето битие дека ќе се бори со секоја педа“.
Украина вчера ѝ се заблагодари на Британија за новата испорака на оружје, а денес таа и официјално пристигна. Заменик-министерот за одбрана Анатолиј Петренко рече дека залихите „ќе се користат исклучиво за одбранбени цели“, за заштита на војниците и цивилите од „секакви дејствија што би можеле да доведат до ескалација“, јавува РусијаДенес.
Локалните медиуми објавија дека пратката содржела ракетни системи познати како NLAW. Тие се дизајнирани да ги уништат главните борбени тенкови и други оклопни возила, а беа заеднички развиени од Шведска и Британија.
Говорејќи за радио Ел-Би-Си во средата, британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хепи ја опиша Украина како „горда суверена нација која се соочува со егзистенцијална закана и знае до суштината на своето битие дека ќе се бори со секоја педа“.
– Велика Британија ја одигра својата улога во помагањето околу нивните подготовки. Испративме илјадници одбранбени лесни противоклопни ракети до украинските вооружени сили – додаде тој.
Украина во последните години сѐ повеќе се потпира на воената помош од Западот. Во 2021 година, Киев доби 30 противтенковски ракетни системи Javelin од Вашингтон.