Британските работодавачи не планираат наскоро враќање на вработените во канцеларија

Во своето истражување, со кое се опфатени од банки до трговски друштва, Би Би Си ги праша кога имаат намера да ги вратат своите вработени во канцелариите.

297

Педесете најголеми работодавачи во Велика Британија немаат намера да ги вратат сите свои вработени со полно работно време во канцелариите во блиска иднина, покажа неодамнешно истражување.

Во своето истражување, со кое се опфатени од банки до трговски друштва, Би Би Си ги праша кога имаат намера да ги вратат своите вработени во канцелариите.






Од вкупниот број работодавачи опфатени со истражувањето, 24 компании немаат намера да ги вратат вработените во канцелариите, додека 20 компании ги отворија своите канцеларии за вработените кои немаат услови да работат од дома.

Една од главните причини за одложување на нивното враќање во канцелариите е тоа што компаниите не наоѓаат начин да примат голем број на вработени додека ги почитуваат пропишаните мерки за задолжително физичко растојание.

Многу компании, особено во банкарскиот и финансискиот сектор, нудат избор и флексибилност на вработените во случај да сакаат да се вратат во канцелариите.

Неколку компании веќе објавија дека немаат намера да се вратат во канцелариите до доцна есен, додека Фејсбук соопшти дека нема планови да ги врати своите вработени до јули 2021 година. Некои помали компании, од друга страна, решија во целост да ги напуштат канцелариите.

Поврзани содржини