Британскиот сој на коронавирус дојде во Велес?

2,409

Пред десетина дена велешанка која била во посета на нејзината ќерка во Лондон, добила симптоми на корона вирус два дена откако се вратила. Таа се лекувала во домашни услови поради лесната клиничка слика но нејзиниот сопруг веќе шести ден е на лекување на Инфективното одделение во велешката болница. Се уште нема информација дали кај овој пациент е изолиран британскиот сој на ковид-19, но сомнително е што велешанката ги добила симптомите по враќањето од Лондон, објави Велес365.

Жената и мажот имаат позитивен тест на ковид-19.






Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на минатата година, а  британскиот сој на коронавирусот го има и во Македонија.

Поврзани содржини