Британскиот сој доминантен во Германија
Институтот Роберт Кох соопшти дека 72 проценти од позитивните тестови го потврдиле британскиот сој, што, како што посочуваат од таа институција, е причина за голема загриженост.
Варијантата на коронавирусот првпат откриена во Велика Британија е доминантна во Германија, каде што во дури 72 проценти од случаите е причина за болеста ковид-19.
Институтот Роберт Кох соопшти дека 72 проценти од позитивните тестови го потврдиле британскиот сој, што, како што посочуваат од таа институција, е причина за голема загриженост.
Минатата недела, соодносот на британската варијанта во позитивните тестови беше околу 55 проценти.
– По Велигден, ќе ја имаме ситуација што беше регистрирана околу Божик – предупреди вирологот Кристијан Достен за ТВ НДР.
Поради мутацијата на вирусот, ситуацијата драстично ќе се влоши, додаде тој, нагласувајќи дека станува особено опасно за невакцинирани лица постари од 50 години.