Британскиот сој детектиран и кај вториот пациент кој бил во Занзибар

Двајцата пациенти се сместени во болница. Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената во Скопје.

320

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство соопшти дека според анализата направена во МАНУ од брисот земен кај првиот пациент било детектирано присуството на британскиот сој на вирусот.






Инаку за потсетување, битолчанец и неговата сопруга кои патувале во Занзибар, Африка, биле позитивни на ковид-19. Двајцата веќе се сместени во болница. Мажот се лекува во одделението за нефрологија во Струшката болница, а жената во Скопје.

Поврзани содржини