Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, на Инстаграм бјави дека е бремена по втор пат и дека очекуваат бебе на Божик.
Двојката лани се венчаше на тајна церемонија во катедралата во Вестминстер, а два месеци претходно го доби своето прво дете. Момчето го доби името Вилфред Лаври Николас Џонсон, во чест на лекарите кои му го спасија животот на британскиот премиерот кој имаше тешка форма на ковид-19.
Кери Џонсон (33) откри дека годинава имала абортус, поради што нејзиното срце било „скршено“.
„Се чувствувам неверојатно благословена што сум повторно бремена, но се чувствував и како вреќа со нерви. Прашањето за плодност може да биде навистина тешко за многу луѓе, особено кога на платформите како Инстаграм може да изгледа дека се оди добро“, напиша таа.
Борис Џонсон зад себе има два неуспешни брака, а оваа ќе му биде седмо дете.