Британскиот премиер одговори на писмо на дете: Го повикав Северен пол, еве што велат ФОТО

Монти во писмото напишано со рака ја прашува британската влада дали го разгледала проблемот на доаѓање на Дедо Мраз.

387

Пандемијата на коронавирусот ни годинава нема да го спречат Дедо Мраз во испорака на подароци, напишал во писмо британскиот премиер Борис Џонсон, повикувајќи се на медицинските експерти кои рекле дека не постои здравствен ризик за децата ако се придржуваат до правилата.

Џонсон му одговорил на осумгодишниот Монти кој му пишал прашувајќи го дали Дедо Мраз годинава ќе може да донесе подароци.






Монти во писмото напишано со рака ја прашува британската влада дали го разгледала проблемот на доаѓање на Дедо Мраз.

– Сфаќам дека сте многу зафатен, ама може ли за тоа да поразговарате со експертите – напиашло детето.

Џонсон писмото на Монти го објави на Твитер заедно со копијата од својот одговор.

– Го повикав Северен пол и можам да ти кажам дека Дедо Мраз е подготвен и со нетрпение чека да тргне, како и Рудолф и сите останати собови. Главниот лекар ме замоли да ти го пренесам следново: Ако Дедо Мраз се однесува на свој вообичаено одговорен начин и работата ја заврши брзо и сигурно, нема опасност ни за твоето ни за неговото здравје – напишал Џонсон.

Џонсон напишал и дека веќе добил многу писма за оваа важна тема и го поддржал предлогот на Минти покрај колачиња кои ќе го дочекаат Дедо Мраз да се постави и шишенце со дезифициенс.

Поврзани содржини