📷 БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР МОКАР ДО ГОЛА КОЖА! Руши Сунак на дожд ѝ се обрати на јавноста и најави предвремени избори

Поради дождовната сцена пред Даунинг стрит 10, многумина не го сфатија сериозно британскиот премиер.

858

Риши Сунак вчера одржа говор пред Даунинг стрит 10, официјалната резиденција на британскиот премиер. Сунак најави предвремени избори кои ќе се одржат на 4 јули. Тоа беше извонредна вест во британската политика. Сепак, освен за предвремени избори, сите зборуваат за – дождот.






Имено, британскиот премиер ја соопшти веста пред резиденцијата на пороен дожд. Неочекувано, службите немаа чадор за британскиот премиер и Сунак остана на говорницата натопен до гола кожа.

Поради таа сцена, на многумина им беше тешко да го сфатат Сунак сериозно. Британскиот премиер наврнат на дождот стана тема и на многу постови на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини
na