Британскиот премиер Борис Џонсон денеска заврши на интензивна нега откако му се влоши состојбата по заразата со коронавирусот. На премиерот коронавирусот му е дијагностициран пред 11 дена, а вчера беше хоспитализиран .
Вечерва е објавено кој ќе го менува Џонсон на функцијата.
– Премиерот побара министерот за надворешни работи Доминик Раб да го замени кога ќе биде потребно. Премиерот има одлична нега и му благодари на персоналот за преданата работа, пишува во соопштението на кабинетот на Џонсон.
Доминик Раб покрај функцијата министер за надворешни работи воедно е и прв потпретседател на владата.
Фото: EPA/ANDY RAIN