Британскиот премиер и министерот за финансии во изолација, но под посебни услови
Џонсон и Сунак, сепак, ќе учествуваат во пилот-програма што им овозможува да продолжат да работат од канцеларијата и да се изолираат само кога не се на работа.
Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак биле во контакт со лице заразено со коронавирус и ќе работат исклучиво од нивните канцеларии, а останатото време ќе бидат во изолација и ќе се тестираат секој ден.
Британскиот министер за здравство Сајид Џавид во саботата изјави дека бил тестиран и бил позитивен на коронавирус.
– Британската национална здравствена служба (НХС) контактираше со премиерот и министерот и тие се водат како контакти со заразено лице – соопшти во неделата канцеларијата на Џонсон. Како општо правило, секој што имал контакт со заразено лице лицето мора да биде во изолација.
Џонсон и Сунак, сепак, ќе учествуваат во пилот-програма што им овозможува да продолжат да работат од канцеларијата и да се изолираат само кога не се на работа.