Британскиот нулта корона-пациент почина една година откако се опорави од вирусот
Мислев дека проблематичниот период помина, но дури тогаш започна кошмарот. Дишев тешко, морав да одам во тоалет цело време. Се потев и треперев. Мислев дека е крајот, дека нема враќање, напишал Рид.
Конор Елис Рид, 26, беше пронајден мртов во октомври 2020 година. Рид беше заболен со ковид-19 во ноември 2019 година, додека беше во Вухан. Се смета дека е првиот Британец кој е заразен со коронавирусот. Тој почина од предозирање.
Според британски „Мирор“, Конор Елис Рид, 26-годишен студент по кинески јазик, бил пронајден мртов во неговата соба во октомври 2020 година, една година откако заболел од ковид-19 и го надминал вирусот додека живеел и работел во Вухан како учител. „Мирор“ пишува дека смртта нема никаква врска со коронавирусот и дека тој починал од предозирање.
Тој водел дневник додека бил заразен во епицентарот на вирусот ковид-19, наведувајќи ги неговите симптоми и споделувајќи го своето искуство со овој неславен вирус. Тој опиша како неговата состојба била проблематична во првите 10 дена, и сè се влошило на 12-тиот ден.
– Мислев дека проблематичниот период помина, но дури тогаш започна кошмарот. Дишев тешко, морав да одам во тоалет цело време. Се потев и треперев. Мислев дека е крајот, дека нема враќање – напишал Рид во својот дневник.
По 24 дена, болеста стивна и Рид успешно го надмина неславниот вирус.
Една година подоцна го пронајдоа мртов во неговата соба. Британците сега објавија дека причината е предозирање.