Британскиот министер за здравство плаче поради вакцината, јавноста го обвинува за лажно плачење ВИДЕО
Хенкок почнал да плаче поради веста дека 90-годишна баба од Ковентри и пензионер од Ворикшир, наречен Вилијам Шекспир, се првите луѓе на светот кои ја добиле одобрената вакцина.
Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, се расплака пред камерите додека гостуваше во емисијата „Good Morning Britain“ и говореше за вакцината против коронавирусот.
– Уверени сме дека наредната серија на вакцината на Фајзер против коронавирусот ќе биде испорачана наредната недела, и тоа неколку милиони дози – изјавил министерот, откако деновиве беше вакцинирана првата личност во Велика Британија.
Хенкок почнал да плаче поради веста дека 90-годишна баба од Ковентри и пензионер од Ворикшир, наречен Вилијам Шекспир, се првите луѓе на светот кои ја добиле одобрената вакцина.
Меѓутоа, гледачите го оцениле неговото однесување како „срамотен настап“ и го обвиниле за лажно плачење и „крокодилски солзи“.