Британскиот ковид ја затвори охридската кардиологија, се заразиле сите лекари
Петнаесетина вработени во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид се болни од ковид -19. Од нив дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог. Сите термини од платформата „Мој термин“ се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи.
„Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа“, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.