БРИТАНСКИОТ ДВОР КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ЗА СОСТОЈБАТА НА КЕЈТ МИДЛТОН Познато кога се враќа на должностите

Принцезата од Велс ќе присуствува на Парадата на коњската гарда во Вестминстер на 8 јуни.

440

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ќе присуствува на церемонијата „Trooping the Color“ на 8 јуни, по повод нејзиното враќање на кралските должности по операцијата на абдоменот.

Министерството за одбрана потврди дека Кејт Мидлтон ќе биде присутна на Парадата на коњската гарда во Вестминстер.






Принцезата од Велс имаше операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не е видена во јавноста.

Од Кенсингтонската палата не сакаа да откриваат многу детали за нејзината здравствена состојба, само кажаа дека принцезата ќе им се врати на обврските по Велигден.

Многумина беа загрижени од фактот дека за нејзината состојба се молчи, иако во јавноста на големо се зборува за здравјето на кралот Чарлс, кој имаше операција на простата две недели откако Кејт имаш интервенција во лондонската болница.

Деновиве беше објавена првата фотографија на Кејт Мидлтон по повлекувањето поради болеста. Принцезата од Велс е фотографирана во близина на замокот Виндзор, според ТМЗ, во автомобил со кој управувала нејзината мајка Керол. Кејт носи големи очила и благо се насмевна, а многумина коментираа дека се надеваат дека тоа е знак дека нејзиното закрепнување оди добро.

 

 

📷 КЕЈТ МИДЛТОН ПРВПАТ СЕ ПОЈАВИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА Насмеана вози кон Виндзор

 

Поврзани содржини