Поранешниот британски маринец Пол Пен Фартинг успеал да спаси речиси 200 животни од азил во Кабул, јавува „Скај њуз“.
Британските војници спасиле речиси 200 кучиња и мачки од азилот Ноузад во Кабул, основан од Фартинг.
Кампањата на поранешниот британски маринец за спасување на животните од азил ја подели британската јавност. Љубителите на животни воодушевено ја поддржаа неговата кампања, а британскиот министер за одбрана го критикуваше бидејќи „трошат премногу време“ на воените команданти кои работат на евакуацијата на луѓето од Кабул.
Фартинг и неговите животни среќно слетале во Британија, наведува „Скај њуз“.
За жал, Фартинг не успеал да го извлече персоналот на азилот од Кабул.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Фејсбук