БРИТАНСКИ СТРУЧЊАЦИ ЌЕ ГИ ОБУЧУВААТ МАКЕДОНСКИТЕ ОБВИНИТЕЛИ Ќе им бидат ментори во сложените предмети

Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан опфаќа 4 компоненти: зајакнување на судските институции, носење независни обвинителски одлуки, подобрена транспарентност, јавен пристап и подобрена практика на изрекување казни, како и подобрено управување и одговорност, соопшти Јавното обвинителство,

147

Јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители вчера одржаа работен состанок со тим од Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан и британската Амбасада во Скопје, предводени од Ник Хокинс, тим лидер и поранешен Крунски јавен обвинител на Обединетото Кралство и експертот Калум Кокс, долгогодишен адвокат, судија и јавен обвинител во Велика Британија, соопшти Обвинителството.

На состанокот беа разгледани можностите за британска стручна поддршка и помош за македонските јавни обвинителства преку Програмата за јакнење на демократијата во Западен Балкан, која се спроведува во пет земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гораи Косово. Програмата опфаќа 4 компоненти: зајакнување на судските институции, носење на независни обвинителски одлуки, подобрена транспарентност, јавен пристап и подобрена практика на изрекување казни, како и подобрено управување и одговорност, се додава во соопштението.






„Јавниот обвинител Коцевски ги запозна британските експерти со состојбите во Јавното обвинителство, како и со нагласениот фокус на јакнење на истражните центри на обвинителството и на борбата против организираниот криминал и корупцијата. На работниот состанок, шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, првиот човек на најголемото основно јавно обвинителство во државата – ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители, јавниот обвинител во ЈОРСМ Елвин Вели подетално со британските експерти разговараа за сите клучни активности во кои би можела да биде искористена британската стручна помош“, се вели во соопштението.

Притоа, се додава, како основен чекор во рамките на проектот беше усогласено финализирање на Методологијата за проценка на сложеност на предметите.

„Исто така, преку програмата ќе бидат опфатени и структурирани обуки за јавни обвинители за повеќе конкретни теми. Воедно, дел од програмата ќе опфати и директно менторство во сложени предмети со цел согледување на најдоброто искуство и практики од Велика Британија во водењето и ефикасноста на обвинителските постапки“, соопшти Јавното обвинителство.

 

Поврзани содржини