БРИТАНСКИ АМБАСАДОР ВПЕРИЛ ПУШКА ВО ВРАБОТЕН? Патувале во регион со силни нарко картели кога се случил инцидентот

567

Британскиот амбасадор во Мексико, Џон Бенџамин, е отпуштен откако наводно вперил пушка во службеник на амбасадата, јави Фајненшл тајмс.

Повикувајќи се на видео објавено на социјалните мрежи и лице запознаено со инцидентот, весникот наведува дека Бенџамин патувал низ две мексикански држави познати по силните нарко картели кога подигнал пушка и ја вперил кон вработен додека патувале со возило.






Инцидентот се случил во април, изјавиле извори за Фајненшл тајмс, а Бенџамин набрзо бил отпуштен.

Поврзани содржини