БРИТАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СМЕНЕТА ПОРАДИ ИЗЈАВА Браверман го критикуваше полициското справување со пропалестинските протести

Минатата недела, Браверман објави напис во кој ја обвинува полицијата за „двојни стандарди“ во справувањето со протестите, за кои опозициските лабуристи велат дека ги поттикнале тензиите на пропалестинските протести во саботата.

798

Британскиот премиер Риши Сунак ја разреши министерката за внатрешни работи Суела Браверман, изјави владин извор, како дел од пошироката реконструкција на владата, откако таа го критикуваше полициското справување со пропалестинските протести.

По острите критики и повиците од пратениците од опозицијата и членовите на неговата владејачка Конзервативна партија да ја смени Браверман, Сунак побара од неа „да ја напушти владата“, што таа го прифати, потврди изворот за британските медиуми.
Политичкиот уредник на таблоидот „Сан“ најави дека таа ќе биде заменета со министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли.






Сунак започна со реконструкција на кабинетот, а поранешниот премиер Дејвид Камерон беше виден во Даунинг стрит, што предизвика шпекулации дека тој ќе се врати во владата.
Минатата недела, Браверман објави напис во кој ја обвинува полицијата за „двојни стандарди“ во справувањето со протестите, за кои опозициските лабуристи велат дека ги поттикнале тензиите на пропалестинските протести во саботата.

Повеќе од 140 лица беа уапсени откако крајнодесничарските контрадемонстранти се судрија со полицијата, која се обиде да ги оддалечи од 300.000 пропалестински демонстранти.
Се очекува Сунак да направи голем број промени во својот кабинет, да донесе сојузници и да смени некои министри за кои британскиот премиер оцени дека не се претставиле како што тој би сакал.

Поврзани содржини